Популарно на блогот

December 4, 2011

Бразилска диета за слабеење до 10кг.

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети и овозможува за две недели да ослабите дури и до 10 килограми. Постојат две варијанти „супер-брза“ и „нормална Бразилска диета“.
Таа спаѓа во нутритивно нискокалорични тиети, а јас еве ви ја претставувам здравата варијанта како да ги отстраните вишокот килограми преку зимата.
Нормалната варијанта на оваа диета трае четири недели и помага да изгубите до 12 килограми.
Јадете 4-5 пати дневно а основните намирници се зеленчук и овошје.


December 2, 2011

Божиќната колекција на Викторијас сикрет

Неодамна ангелите на познатиот бренд не почестија со фантастично шоу, а сега веќе ни ја спремија новата божиќна колекција на долна облека. Како и секогаш тие изгледаат фантастично, па се потрудија овој Божиќ на направат навистина жежок.
Погледнете .. :)

Стилот на Блејк Лајвли

Можеби повеќе ја знаеме како Серена Ван де Вудсен, но тоа е Блејк Лајвли познатата американса актерка и модел. Од неодамна таа стана заштитно лице на легендарната модна куќа Шанел.
Она што може да се каже за неа дека е вистинска модна икона со беспрекорен стил и елеганција.
Вистински пример како една млада девојка може да биде дама во секој поглед.
Инспирарана од нејзината убавина и шарм решив да направам пост посветен на нејзиниот прекрасен стил. :)

Весник нокти

Еве уште еден интересен дизајн за нокти, и воопшто не е тежок, потребно е само време и трпение.
Задолжително мора да го испробате, и сигурно ке добиете многу комплименти за уникатниот дизајн.
Еве туторијал кој ке ви помогне да го изработите. Па со среќа! ;-)





November 28, 2011

Божиќ доаѓа

Веќе е декември а невозможно е да не почнавте да се чувствуаме празнично. Веќе наскоро ке почнеме со украсувањето на домот, разнобојните светилки, елката, правењето на вкусни домашни колачи..топли напивки и што ли уште не исполнето со новогодишна еуфорија.
А кој не го сака Божиќ? Тоа е ден кога целото семејство се собира на едно место, се поминуваат најубавите мигови со најсаканите на трпезата исполнета со највкусни јадења направени од баба и мама.. и секако најзабавниот дел, отворањето на поклоните.
Убавото чувство кога сме дома на својот омилен кауч,прекриени со меко ќебе, пиејки топло чоколадо и гледаме како белите снеулки се топат врз прозорецот.
Нема поубаво чувство од чувството кога насекаде е разнесена новогодишната среќа..
Еве неколку слики и видеа кои ке го разбудат тоа чувство кај вас, и ке присетат на многу убави работи.

November 22, 2011

Најубавите фустани на АМА наградите

Едно од попрестижните доделувања на награди во Америка кое се одржа изминатата недела беше прогласено за вечер кога црвениот тепих блескаше од гламур и елеганција. Може да се видат авангардни и необични тоалети. Меѓу присутните најголем впечаток оставија Џенифер Лопез, Тејлор Свифт и Кети Пери која како и секогаш неколку пати го промени својот аутфит.
Еве дел од прекрасните тоалети кои ја разубавија вечерта.

UGG чизми


Новиот тренд на обувки кој е се попопуларен ширум светот, се чизмичките UGG, најпрво можевме да ги забележиме во секојдневните комбинации на бознатите кои се огромни фанови на овие чизми а овој тренд и на големо почна да се шири и кај нас и со право. 

Зимата веќе дојде а нам ни се потребни топли обувки за дневните прошетки. Тие се доста удобни, и стилски но единствената маана на UGG чизмичките е што не можат да се носат кога има снег или дожд. 
Но се додека е суво можеме слбодно да ги комбинираме на секаков начин, на хеланки и туники, фустанчиња и хулахопки, фармерки и како ли уште не. 

Репертоарот на дизајни е огромен така да сигурно ке успеете да се заљубите во некој од нив.
Па побрзајте низ град да си обезбедите пар од овие модерни чизмички кои имаат и доста пристапна цена. :)

November 19, 2011

Магијата на хулахопките

Хулахопките и дезенираните хеланки се вистински хит сезонава, може да се комбинираат на многу начини... за лежерни и свечени пригоди. Шарените дезенирани хулахопки можат совршено да се вклопат во едноставните комбинации давајки им шарен и разигран ефект.
За преку ден комбинирајте ги жиите бои на некое кратко здолниште и нека денот ви биде весен и разнобоен и покрај зимското студенило, а за на вечер изберете елегантни мрежести, со линии или точки, или светкав провиден модел со интересни детали. Хулахопките визуелно ги издолжуваат нозете и даваат елегантен изглед.Хеланките се добра замена за хулахопките доколку сте алергични на студот.
Еден од најпознатите светски брендови на хулахопки е турскиот бренд Penti, кој нуди прекрасни модели кои сигурно ке го пленат вашиот вкус.
Погледнете ги преубавите реклами на овој бренд кои сигурно ке ве остават без здив, во кој како заштитни лица се појавуваат познати турски актерки, пеачки и манекенки.

November 17, 2011

Плетенка - рибина коска

Плетенките отсекогаш биле голем хит, независно дали тоа била внатрешна плетенка, плетенка во во висок кок.. тие одземаат најмалку време во правењето затоа и се почесто кога немаме поинаква идеа за фризура ја правиме во плетенка.
Посебен хит последниов период е плетенката наречена  „рибина коска“ која најчесто ја гледавме по модните писти, таа воопшто не е тешка за правење а изгледа многу модерно.

Постојат повеќе начини како можете да ја носите рибината коска, но еве за почеток еден туторијал како таа се прави.

November 16, 2011

Новата колекција на Бершка за Ноември

Апсолутно најбараниот бренд кој секогаш изненадува со екстремно добри колекции ја претстави новата колекција за Есен-Зима.
Јас како огромен фан на Бершка морам да ја пофалам бидејки е една од моите најомилени брендви која има навистина добри и квалитетни парчиња облека за сечиј вкус, лежерни, интересни, динамични... вистинско освежување за сечиј стил.
Што мислите вие за новата колекција..?

Винтаж стил

Ретро или како уште и е наречен Винтаж стилот се повеќе се популаризира кај нас. Инспиран од модата на дваесеттите денес се повеќе се бараат старите парчиња облека кои некогаш ги носеле нашите баби или мајки.
Иако изгледа баш женствено и слатко, тој е нешто кое не секоја девојка би се осмелила да го носи.
Тој кај познатите е се поголем хит, познати ѕвезди кои го негуваат овој стил се Кети Пери, Ријана, Кејт Мос, и Дита Вон Тис.


Како да направите панделка на коса

Ова е фрзиура која одговара за секоја пригода, и исто така многу лесна за правење. Одговара за секаков тип на коса и кратка и долга и можете да ја направите само за неколку минути.
Се што вие е потребно е:

- патенти
- латичиња
- четка
- спреј за коса


Следете ги инсктрукциите на видеото и панделката ке биде готова :)

November 13, 2011

Штикли за секоја девојка

Екцентрични, уникатни, дизајнерски.. тоа се штикли за кои секоја девојка сонува.
Нив ги носат ѕвездите или познатите трендсетери, тие се вистинска фантазија.
Некои викаат дека љубовта спрема штиклите не може да биде разберена од мажите и тоа е вистина.
Како што би се рекло, од штикли никогаш доста.
Погледнете ја кратката галерија од најинтересните и прекрасни модели. Се надевам дека ке ви се допадне!
Љубовта спрема нив е непроценлива, единствената љубов која машките не ја разбираат.
Како што би кажало старото добро правило..
Од чевли никогаш доста!„


Модни додатоци за оваа сезона

Зимата доаѓа и ние ке мора да се подготвиме за неа. 
Не можеме да одречеме дека не ја сакаме затоа што е прекрасно време од годината кога можеме да уживаме во топол чај и долги прошетки во парк. Снегот е тоа што го очекуваме овие денови па затоа мора добро да се подготвиме и топло да се облечеме.
Еве неколку парчиња облека кој се совршени модни додатоци за зимава кои изгледаат стилско и гламурозно.



                 
Мој апсолутен фаворит се кожните нараквици, нивната класика е безвременска. Со нив секогаш ке бидете заштитени од студот.

Some interesting ideas for manicure

Го сакам маникирот, преферирам да го правам сама со мои идеи. Не сакам долги и вештачки нокти. За специјални прилики преферирам темно црвена, црна, бела или сина боја но посебно го сакам францускиот маникит. Еве неколку интересни идеи кои мене посебно ми се допаднаа и сакав да ги споделам со вас доколку вие сакате да пробате некој од нив. 
Јас веќе ги пробав 2,11 и 12 стил и изгледаат премногу шик.
Па кој од овие најповеќе ви се допаѓа?

Фатални модни грешки

Често се случува кога ке погледнеме некого кој е соодветно облечен но сепак има нешто кое ни боди очи. Најчесто се случуваат грешки при избирањето на бои, големина.. или погрешен материјал.
Постојат некои непишани правила на кои често многумина не им обрнуваат внимание но имаат големо значење. Јас издвоив неколку кои мене лично ми се најважни и секогаш внимавам да ги преминувам..


Стилот на Тејлор Свифт


Тејлор Свифт важи за вистинска млада дама. Со своите преубави плави локни секогаш останува забележителна каде и да се појави, а тоа го прави и со својот стил. 
Секогаш елегантна и уредна. Кога се во прашање гламурозните настани никогаш не прави погрешен избор во бирањето на фустани кои секогаш ја нагласуваат нејзината женственост и невиност, и што е најбитно никогаш не знае да претера.
Она што е препознатливо за неа освен нејзините локни е црвениот кармин за кој и самата вели дека и е заштите знак.. и совршено нашминканите сини очи со тенок алајнер.
Погледнете го нејзиниот стил на облекување кои ми остави голем впеачаток а се надевам и на вам.


Есенски хит - гумени чизми

Можеби некогаш гумените чизми ги употребуваа само работниците кои работеа во полињата за да се заштитат од влага, но денес гумените чизми се вистински моден хит.
Ги има во разни бои и дезени и изгледаат доста шик и стилски бидејки можат да се комбинираат на многу начини.
Еве неколку интресни модели на гумени чизми..



November 12, 2011

Брзи фризури за специјални пригоди

Погледнете неколку видеа кои ги издвоив за вас кои ке ви помогнат да ја средите вашата фризура за секаква пригода. 
Мислам дека следните идеи повеќе одговараат за свечени прилики, па така да не ке мора да губите  песпотребно часови обидувајки се да ја пронајдете совршената фризура за вашата посебна вечер.
Наскоро ке поставам и неколку идеи за фризури за полежерни прилики.
Се надевам дека овие ќе ви се допаднат! :)

Како се можете да комбинирате кошула

Направив интересни комбинации погодни за тоа како се можете да ги комбинирате кошулите, тие се парче гардероба кое може да се комбинира на секакви можни начини и да се носи во секој период од годината. Следните комбинации се за вечерни излегувања, дневни прошетки,или  за обични училишни денови.


Одблиску со ангелите на Викториа Сикрет

Погледнете како моделите на познатиот бренд се подговуваа за шоуто позади сцената,
сигурно ке бидете многу изненадени. :)


Шоуто Викторија Сикрет 2011

Најгламурозниот настан во светот на модата на кој дефилираат најубавите и најплатените модели на планетата се одржа во средата изминатава недела. 

Годинашнава тема беше „It's show time“
и мора да се каже дека навистина претставуваше вистинско шоу.
Ни повеќе ни помалку годинава не недостасуваа ангели, Миранда Кер и Доутзин Крос повторно се вратија на пистата.. освен Хеиди Клум на која оваа и беше втора година како отсуствува од шоуто пораки истекувањето на договорот со Викторијас Сикрет.
За шоуто да биде комплетно оваа година како специјални гости на пистата се појавија
Марон 5, Кајни Вест, Џеј З, и Ники Минаж.
Во целост [оуто беше оценето како од фантазиите што и не не чуди..
Викторијас сикрет секогаш се трудат да го направат невозможното.
Еве ги и моделите во скапите градници и волшебни крилја кои го направија ова шоу навистина волшебно.



МАНГО колекција Есен-Зима 2011/2012

Новата колекција на Манго Есен/Зима изгледа божествено во секој поглед,
моделите претставуваат спој од модерното и класичното. 
Колекцијата е поделена во два сегменти, во првиот сегмент преовладуваат класичните префинети модели идеални за вечерн изглегувања и деловни состаноци..
а додека вториот сегмент е доста шик и опуштен  каде превладува колоритот и моќта на инспирацијата од 70-тите.
Оваа година како заштитно лице покрај неодоливата Скарлет Јохансон која веќе неколку години  го застапува овој бренд се појавува и познатиот бразилски модел Изабели Фонтана.
Уживајте во новата колекција и секако споделете ги вашите импресии!

















































November 10, 2011

Точки,точки,точки...





Она нешто кое го плени мојот вкус е точкестите дезени, не останав рамнодушна на марамите, и и хулахопките затоа морав да ви покажам неколку парчиња со точкест дезен кој се мои омилени.

Ги обожавам кога се комбинираат со еднобојни фустани каде марамата е единствен детал кој ја разбива монотонијата во целиот изглед, или точкестите хулахопки кои можат исто така да се комбинираат на црн фустан со елегантни црни салонки, или во друга опуштена комбинација со текстас панталони и чизми.
Во секој поглед точките се вистински хит оваа сезона, фустанчињата и сукните со точки го навраќаат духот на класиката, кога преовладувала класичната елеганција.

"must have" парчиња за сезоната Есен-Зима

Сезоната есен-зима е период кој некои не го обожаваат поради тоа што треба да се натрупаат со облека за да не го почувствуваат студот, а на некои тоа баш им годи. 
Токму така, облекувањето во слоеви е тренд и оваа сезона, така да не плашете се да екпериментирате. Оваа е листата на модни парчиња кои задолжително треба да се најдат во сечија гардероба.



Топол џемпер кој ке можете да го комбинирате со лежерно фустанче до под колена и чизми. 
На фармерки и кратки панталони.
Со здолништа и на хеланки.