Популарно на блогот

November 10, 2011

"must have" парчиња за сезоната Есен-Зима

Сезоната есен-зима е период кој некои не го обожаваат поради тоа што треба да се натрупаат со облека за да не го почувствуваат студот, а на некои тоа баш им годи. 
Токму така, облекувањето во слоеви е тренд и оваа сезона, така да не плашете се да екпериментирате. Оваа е листата на модни парчиња кои задолжително треба да се најдат во сечија гардероба.



Топол џемпер кој ке можете да го комбинирате со лежерно фустанче до под колена и чизми. 
На фармерки и кратки панталони.
Со здолништа и на хеланки.







 <!-- читај повеќе  -->



Панталони во топли бои
Одлучете се за нешто поинакво во вашата гардероба,тоа нека бидат панталони во темно кафеава, бордо или темно зелена боја.
Одчично ке се вклопат во вашата гардероба и ке можете да ги комбинирате на најразлични начини.







Кожни детали
Ако нешто особено ги освои симпатиите како кај дизајнерите така кај голем број модни зависници се кожните парчиња..
Нека бидат тоа кожени панталони, сукна.. или ако не сакате да експериментиарате тогаш нека бидат детални, кожни нараквици.. или ташна.






Крзнено елече
Комбинирајте го со повеќе слоја на себе во кои ке искористите кошула, тексас јакна, или пак ако сакате нешто по елегантно тогаш изберете го омилениот црн фустан и изгледајте волшебно.



Грејачи
За студената зима, облечете ги на кратки чизми или пак одлучете се за чорапи над колена кои ке можите да ги комбинирате со кратко фустанче и окфордки, стоперки или чевли со високи подпетици. 








Беретка
Беретките се апсолутен хит оваа сезона, изгледаат елегантно и стилски. Одлучете се за бретка во црна или бела боја за дневна прошетка во опуштен стајлинг и заштитете се од студот.






No comments:

Post a Comment