Популарно на блогот

November 13, 2011

Фатални модни грешки

Често се случува кога ке погледнеме некого кој е соодветно облечен но сепак има нешто кое ни боди очи. Најчесто се случуваат грешки при избирањето на бои, големина.. или погрешен материјал.
Постојат некои непишани правила на кои често многумина не им обрнуваат внимание но имаат големо значење. Јас издвоив неколку кои мене лично ми се најважни и секогаш внимавам да ги преминувам..


<!--читај повеќе -->

1. Премногу шарени дезени
Кога се во прашање шарените дезените тие секогаш можат да ја дадат потребната доза на разиграност и свежина во облеката но во најчести случаи се многу грешно искомбинирани.
Кога се обидувате да комбинирате фустанче со цветен дезен во повеќе бои, обидте се тоа да го направите со еднобојни чевли на пример црни, или бели.. за да не дојде до мешање на колоритот. И задолжително тоа да биде искомбинирано со еднобојно палто. Бидејки самиот по себе фустане доволно ишаран нема потреба од користење на ѓердан.


Кога е во прашање шарено здолниште.. тоа може да биде искомбинирано на повеќе начини.. горниот дел исто така треба да биде еднобоен. За да се избегне модна грешка обидете се чевлите  и чантата да бидат во неутрални бои, за да не има ефект на пренатрупаност.

2. Линии и точки
Линиите на вашата облека можат да ве направат да изгледате високо и издолжено но само ако бидат правилно искомбинирани. Никогаш не комбинирајте две различни парчиња облека со дезен со линии бидејки нема да го добиете посакуваниот ефект.
Секогаш трудете се точките или линиите да ги има само на еден дел од облеката, за да се разбие монотоноста.

3. Премногу црвено
Црвената боја може да биде исто толку и гамурозна колку и нападна.
Комбинирањето на црвената боја и не е така едноставно како што повеќето мислат..
Таа може да се комбинира само со одредени бои како што се, црната, белата, сивата,крем и тегетната. и нивни посветли и потемни нијанси..
Со останатите бои би можело да изгледа упадливо бидејки за да биде воочлива таа бара останатиот дел да биде неутрален.
Никогаш не комбинирајте повеќе парчиња облека со црвена боја за да изгледате како новогодишен лампион. :)

Едно правило вика дека чантата секогаш треба да одговара со чевлите, но кога би комбинирале црвени чевли со црвена чанта би делувало многу невкусно.. така да, тоа обидете се да го поправите комбинирајки ги црвените чевли со некоја црвена алка или ѓердан.. или црна ташна на која виси црвена марама, истото важи и за црвената ташна која и сама по себе е доволен детал во комбинацијата.

4. Леопард принт
Овој принт е голем хит оваа сезона, на голем број дизајнери им претставува неисрцпна инспирација користејки го за се и сешто.. од бунди,капи,шалови,ракавици,чевли,долна облека,обетки.. и што ли не.
Истото важи и за него како и за комбинирањето шарени дезени, никако немојте го комбинирајте со некој друг дезен сличен на него.. на пример зебра дезенот или оној на змиска кожа.

5. Премногу модни додатоци
Додатоците како нараквица, синџирче за на врат, прстени и обетки може да ве направат божица на стилот, но ако претерате може да ве направат и рана новогодишна елка, или, не дај боже, лик излезен од „Касандра“.
Никогаш не претерувајте со модните додатоци.. колку помалку толку по уникатно и елегантно.


6. Чевли шпиц
Знам дека на повеќето чевлите шпиц им се неизоставен дел од обувките и колку да мислат дека изгледаат елегантно и префинето, тие изгледаат крајно невкусни.
Тие се едни од најлошите модни грешки, особено кога се комбинираат на тесни фармерки, или на широки ѕвонарки .. сигурно кога би ги виделе во профил би се ужаснале од погледот.
Да.. ве советувам да ги изоставите од вашата гардероба и да погледнете каква елеганција би постигнале со заоблените чевли или оние со отворен прст. 









No comments:

Post a Comment