Популарно на блогот

November 16, 2011

Винтаж стил

Ретро или како уште и е наречен Винтаж стилот се повеќе се популаризира кај нас. Инспиран од модата на дваесеттите денес се повеќе се бараат старите парчиња облека кои некогаш ги носеле нашите баби или мајки.
Иако изгледа баш женствено и слатко, тој е нешто кое не секоја девојка би се осмелила да го носи.
Тој кај познатите е се поголем хит, познати ѕвезди кои го негуваат овој стил се Кети Пери, Ријана, Кејт Мос, и Дита Вон Тис.


<!--читај повеќе -->

Карактеристично за Винтаж стилот се цветните дезени, чипката... и играта со бои.
Долгите цветни фустани се одлични за летни денови, исто така и долгите сукни.
Чипкастите дезени станаа се повеќе барани откако се појавија на модните шоуа на познатите брендови како Шанел, Диор и мн други.

Најповеќе ми се допаѓаат панталоните со висок струк кои беа голем хит измината сезона и убедена сум дека повторно ке бидат во тренд.
Оксфордките исто така се дел од винтаж стилот, тие се се` повеќе популарни меѓу светските трендсетери а веќе почнаа да доаѓаат и кај нас. Ги има во разни бои и дезени а најбарани се осни во црно-бел стил.
Што мислите за овој стил?

No comments:

Post a Comment