Популарно на блогот

December 4, 2011

Бразилска диета за слабеење до 10кг.

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети и овозможува за две недели да ослабите дури и до 10 килограми. Постојат две варијанти „супер-брза“ и „нормална Бразилска диета“.
Таа спаѓа во нутритивно нискокалорични тиети, а јас еве ви ја претставувам здравата варијанта како да ги отстраните вишокот килограми преку зимата.
Нормалната варијанта на оваа диета трае четири недели и помага да изгубите до 12 килограми.
Јадете 4-5 пати дневно а основните намирници се зеленчук и овошје.


<!--читај повеќе -->


Седумдневно мени

Понеделник
Поручек: портокал, банана и сок од портокал
Ужина: чаша сок од портокал и 1 парче тост
Ручек: 100 грама варена риба, 100 грама салата од сиров зеленчук.
Вечера: исто како и за ручек
Пред одење во кревер: 1 чаша сок од портокал и 1 мало парче тост
Вторник
Доручек: меко варено јајце, шолја сок од јаболко
Ужина: мало парче тост и чаша сок од јаболко
Ручек: 100гр. варено месо, 2 варени комбири, 4 листа зелена салата
Вечера: 200 грама варена риба, тврдо варено јајце, зелена салата, зелен грашок
Пред одење во кревет: шолја сок од јаболко и тост
Среда
Доручек: шолја немасно млеко, парче тост
Ужина:100гр. немасно сирење
Ручек: 100гр. ориз, 150гр. салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажица ситно сецкан магдонос
Вечера: 100гр. варено месо, јаболко и 4 листови зелена салата
Пред одење во кревет: шолја сок од јаболко и мало парче тост
Четврток
Доручек:шолја сок од ананас, 60 гр. ананас
Ужина: шолја сок од ананас, мало парче тост
Ручек: 100гр. варено месо, мало парче сирење и портокал
Вечера: 2 варени компири, 150гр. салата од свежи нарендани моркови со малку масло
Пред одење во кревет: шолја сок од ананас и парче тост
Петок
Доручек: чаша сок од јаболко и мал тост
Ужина: јаболко и портокал
Ручек: 150гр. варена риба, 2 мали варени морков
Вечера: една порција супа од зеленчук, или супа од печурки или порција рибја чорба.. мало парче леб
Пред одење во кревет: чаша сок од портокал, мало парче тост
Сабота
Доручек: чаша сок од јаболка, парче тост 
Ужина:  150гр. варена нарендана салата од свекло со малку зеленчуково масло
Ручек: порција супа од зеленчук, печурки или рибја чорба, мало парче леб
Вечера: 100гр пржени печурки, 100гр саата од сиров зеленчук
Пред одење во кревет: шолја сок од јаболко, 2 свежи кекси
Недела
Доручек: банана и портокал 
Ужина: сок од моркови и мало шарче тост 
Ручек: 100гр варено месо, 100гр салата од свежа зелка, зелен лук и сок од 1 лимон 
Вечера: порција зеленчук или рибја чорба или чорба од печурки, 100гр овошје, 4 листови зелена салата
Пред одење во кревет: 1 чаша сок од јаболка, 2 сушени смокви

Ова мени со исхрана со повторува по потреба од 2 до 4 недели, никако подолго од тоа. Враќањето на „нормална“ храна се постигнува со појачување на овошјето и зеленчукот,и намирници кои содржат многу протеини. 
Оваа диета е богата со овошје и зеленчук - не може да дојде до деифицит на витамини и минерали
Со ваков режим, се препорачува и 30 минути шетање, возење велосипед и трчање.

No comments:

Post a Comment